Оваа политика на приватност дава општи информации за начинот на кој ги собираме, одржуваме и управуваме со личните податоци, секогаш кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите услуги. При посета на интернет страната, АД Осигурителна полиса ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страна, заради користење на нашите услуги и производи.

 

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е АД Осигурителна полсиа Скопје, со седиште на бул.Свети Климент Охридски бр.26, Скопје, Република Северна Македонија.

Активностите на обработка поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на Друштвото, се извршуваат од страна на ИТ Секторот на Друштвото одговорен за овие услуги или лицата задолжени за давање и користење на услугите.

Оваа Политика за приватност се однесува исклучиво на корисниците на Веб страницата. Доколку на Веб страницата е содржан линк кој ќе Ве поврзе со други веб страници, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци, која ја обезбедуваат тие интернет страни доколку до нив пристапите преку нашата веб страна.

 

Информации кои ги собира Друштвото при посета на веб-страницата

При вршење на регистрација и креирање профил за online купување/нарачка на полиси или online плаќање, од Вас ќе бидат побарани следниве податоци:

  • e-mail адреса;
  • матичен број;
  • име и презиме;
  • телефон за контакт;
  • адреса и место на живеење;
  • број на пасош, кој не е задолжителен.

Дополнително, освен горенаведените податоци од нашите корисници се собираат и други податоци во зависност како корисниците вршат интеракција со веб страната. Податоци може да се собираат при користење на веб страната и пристапување од мобилен или десктоп уред, кога корисниците остават сугестии и коментари на сајтот, информации со кои Вие се идентификувате при користење на услугите на Друштвото, информации кои не се лични. Податоци за содржината која ја гледате и со која ракувате и кои се однесуваат на софтверот за интернет-пребарувачот, кои содржини ги кликате, кои производи и услуги ги посетувате, типот на компјутер, како и технички информации за конекцијата што корисникот ја користи при посета на страницата, како што се оперативниот систем и испорачувачот на интернет услугата и слично, како и информации со физичката локација на вашиот уред.

Трансакцијата при наплаќање на полисата/фактурата е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на Халк Банка АД Скопје. Осигурителна Полиса АС Скопје нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка. Тие се испраќаат директно до сертифициран процесинг центар за трансакции со платежни картички и банката преку сигурносна врска.

 

Како Друштвото ги користи собраните податоци

Друштвото може да ги користи информациите кои ги собира заради повеќе причини, и тоа:

  • да Ви ја обезбеди бараната услуга или производ, при што Ве идентификува;
  • да обезбеди грижа за клиентите;
  • да Ве праша за мислење во врска со услугите на Друштвото;
  • да ги олесни и проследи Вашите пребарувања и барања за информации кога ни се јавувате во врска со Друштвото и неговите услуги;
  • да ја разгледа можноста за Ваше вработување/соработка доколку се обратите кај нас преку веб-сајтот и аплицирате;
  • помош при пријава и решавање на оштетни барања.

 

Дополнително собраните податоци се користат за:

  • да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашиот веб-сајт, производи, услуги;
  • да се подобрат постоечките и создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации;
  • за поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на производите и услугите.

 

Споделување на информации

Доколку се регистрирате за онлајн купување/нарачка, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација/нарачка, ќе се користат исклучиво за потребите на процесирање на Вашата нарачка. Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна, освен на надлежните органи на начин определен со важечките законските прописи на Република Северна Македонија. Дополнително, Вашите лични податоци нема да бидат продавани, разменувани, изнајмувани или споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во случаи утврдени со закон.

 

Што правиме ние за да ги заштитиме Вашите информации

Друштвото ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба. Обработката на Вашите лични податоци се врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Вработените во Друштвото се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. Осигурителна Полиса АД Скопје применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

 

Што треба да направите за да ги заштитите вашите информации

Како општа најдобра практика на Интернет, Ви препорачуваме:

  • Не користете лесни лозинки (како единечни зборови од речник);
  • Не користете иста лозинка за секаде;
  • Користете долги лозинки (најмалку 8 знаци, но се препорачуваат и подолги);
  • Користете лозинки кои содржат комбинација од големи и мали букви, броеви и специјални знаци, на пр. $%^& итн.;
  • Чувајте ги лозинките на безбедно место (никогаш не ги запишувајте или споделувајте со никого) и редовно менувајте ги;
  • Следете ги безбедносните препораки дадени од Друштвото.

 

Пристап до Вашите информации и Вашите права

Доколку сте регистрирани на нашата Веб страница, врз основа на Ваше писмено барање, Вие имате право да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци, да пристапите до Вашите лични податоци и да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка.

Доколку сакате да направите дополнување, измена, бришење, да побарате запирање на нивната понатамошна обработка или ажурирање на сите Ваши лични податоци, може да се обратите на info@ospol.mk

 

Користење на колачиња („cookies“)

Друштвото користи технологии кои се широко распространети во индустријата за собирање на информации во врска со користењето на нашиот веб-сајт и e-mail комуникации, познати како „cookies“ (колачиња). „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот или мобилниот уред на посетителот од страна на веб серверот и не се поврзуваат со Вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле. Со помош на колачињата Друштвото го следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страната. Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од Вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Секој посетител ја има можноста да избере и да го подеси својот пребарувач на интернет да ги одбие колачињата или да јави предупредување секогаш кога ќе се пратат колачиња. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

При посетата на нашата интернет-страница, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • вашиот оперативен систем;
  • видот на пребарувачот;
  • град и држава.

 

Чии податоци можеме да собираме?

 Согласно член 109 од Закон за супервизија на осигурување Друштвото е овластено да собира и чува база на податоци за осигурениците, база на податоци за настанати штети и база на податоци за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.

 

Прифаќање на условите

Со користењето на оваа вебстраница, се согласувате, односно ги прифаќате одредбите во Политиката за приватност на Осигурителна полиса АД Скопје.

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.

 

Контактирајте нè

Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на АД Осигурителна полиса Скопје при користењето на нашата веб-страница, ве молиме контактирајте нè на:

АД Осигурителна полиса Скопје бул. Свети Климент Охридски бр.26

info@ospol.mk

 

Во продолжение може да го преземете образецот: