Сите ние, сме под континуиран и непрестан ризик, со што животот и здравјето можат да бидат загрозени до фатална состојба. Со осигурување од последици на несреќен случај - незгода се ублажуваат економските последици од несреќните случаи на работно место и при останатите активности со кои се бави лицето, во местото на живеење и при патување, во текот на 24 часа временски и просторно неограничено.
Осигурувањето може да биде индивидуално или колективно и истото овозможува покривање на трошоци за лекување и дневен надомест во случај на незгода.
- Смрт од последици на несреќен случај
- Траен инвалидитет од последици на несреќен случај (незгода)
- Преодна неспособност за работа (дневен надомест) од последици на несреќен случај (незгода)
- Трошоци за лекување од последици на несреќен случај (незгода)
АД Осигурителна полиса Ви овозможува и осигурување од незгода на: работници, ученици и студенти, деца од претшколска возраст, членови на домаќинство, спортисти.
Услови за осигурување од последици на несреќен случај - незгода
Превентивното здравствено осигурување е решение за Вашето здравје. Со овој вид на осигурување Ви се достапни дополнителни здравствени услуги поврзани со надстандарден болнички третман, како што се подобра индивидуална медицинска нега во текот на болничкото лекување, како и надомест на трошоците за партиципација.
Превентивното здравствено осигурување овозможува квалитетна первентива на здравјето на осигурениците и во таа насока нуди бесплатен превентивен систематски преглед со цел континуирано следење на својата здравствена состојба, како што се:
- интернистички преглед и ЕКГ
- ЕХО на абдомен
- крвна слика и седиментација
- шеќер
- фибриноген
- билирубин
- уреа
- холестерол и триглицериди
- липиден статус
- протеински статус
- уринарен статус
- стоматолошки преглед и една пломба
- гинеколошки преглед
- ПАПА тест
- ортопедски преглед
- ортопед – рентген
- офталмолог (диоптрија и преглед на очно дно)
- оториноларинголог
- невролошки преглед и ЕМГ
- ЕЕГ
- кардиолошки преглед
- ЕХО на срце
- РТГ
- EХО на дојка
- магнетна резонанца со контраст
- компјутерска томографија со контраст со што благовремено се делува на намалување на појавата на евентуални идни болести и нивните последици.
Постојат повеќе модалитети со кои нудат повеќе опции на осигурени суми и премии.
- трошоци за надстандардно болничко сместување и лекување
- избор на доктор-специјалист
- еднократен надомест за траен инвалидитет поради болест
- бањско лекување и рехабилитација
- лекови кои не се на позитивната листа на Фондот
- ортопедски помагала кои не се признати од Фондот
- гинеколошки прегледи со ПАПА тест
- врвни медицински установи со најсовремена апаратура ултразвук, рентгени, скенери, магнетни резонанци
- висока професионалност и стручност на медицинскиот кадар кај нашите здравствени институции
Услови за здравствено осигурување
Услужен центар
Сектор за осигурување
бул. Св. Климент Охридски бр. 26
Тел: 02/3244 630, 3244 632
Факс: 02/3244 639
Нашата полиса за патничко осигурување Ви ги овозможува следниве осигурителни покритија ширум светот во реномирани здравствени институции преку услугите:
Здравствена помош:
• Болничко лекување од болести и незгода
• Лекарска интервенција
• Репатријација
Осигурување незгода
Осигурување на багаж и надомест за загуба на патни документи
Услови за патничко осигурување