Почитувани,

На оваа страна, во неколку чекори и за само неколку минути, можете сами да направите обнова во АД Осигурителна полиса на Вашата полиса за осигурување од автомобилска одговорност (АО) на Вашето патничко моторно возило.


Полисата веднаш ќе ја добиете електронски на вашата Е-маил адреса, по што можете да се упатите на технички преглед и регистрација на возилото.

Електронска обнова на полисата за автомобилска одговорност можете да изготвите без оглед дали сте физичко или правно лице, за што е потребно да имате:

  • валидна платежна картичка на Visa или MasterCard,
  • пристап до валидна адреса за електронска пошта и
  • можност за печатење на полисата.

Потврдата за извршеното плаќање, обновената полиса за автомобилска одговорност и Условите за осигурување ќе Ви бидат испратени на Вашата адреса за електронска пошта.

Полисите за осигурување од автомобилска одговорност, електронски можете ги обновите најрано 30 дена пред истекот. Доколку обновата ја правите по истекот на полисата, за почеток на времетраењето на полисата се смета датумот по денот на обновата. Во случај кога обновата ја правите година дена и повеќе по истекот на полисата, не следуваат редовните бонуси за обнова на полисата за автоодговорност.

Ризикот кршење на стакла електронски можете да го обновите само во случај кога:

  • полисата која што истекува била издадена од АД Осигурителна полиса,
  • овој ризик бил вклучен во полисата која што истекува и
  • полисата не е истечена на денот на обновување.

Осигурување на стакла од кршење, автомобилска асистенција и осигурување од одговорност за време на управување со возилото во странство-зелен картон, можете да склучите во најблиското продажно место на АД Осигурителна полиса.


ЗАДОЛЖИТЕЛНО

За регистрирање на возило, на шалтерот на МВР во станиците за технички преглед задолжителен е отпечатен примерок од полисата за осигурување од автомобилска одговорност, потпишан од страна на ДОГОВОРУВАЧОТ-ОСИГУРЕНИКОТ на осигурувањето.

За корисничка поддршка во врска со обновата на полисата можете да се јавите на телефонскиот број 02/3244-600 или да испратите маил на електронската адреса: osiguruvanje@ospol.mk (понеделник – петок 08-16 часот).
Доколку имате проблеми при изработката на полисата, можете да нарачате полиса за осигурување од автоодговорност на следниот линк: http://ospol.mk/OnlinePolisa.html
Доколку податоците од претходната полиса не се веќе валидни, или има потреба од промена, или прекин на полисата, како и за сите други дополнителни информации, контактирајте го вашиот агент за осигурување, пишете ни на електронската адреса it@ospol.mk, или пак посетете некое од нашите продажни места.