Македонски  Англиски  Контакт
работен кадар и организација|раководители |едукација |активности|реосигурување|конкуренција|соработка|мисија|продукти
 

За нас


Националната групација за осигурување АД Осигурителна полиса Скопје
е компанија која почна да егзистира на македонскиот осигурителен пазар во почетокот на Јуни 2005 година, регистрирана со Трег. бр. 2320/2005 од 09.05.2005 година. Оснивачкиот капиталот е домашен приватен капитал.
Иако АД Осигурителна полиса Скопје е ново друштво за осигурување на македонскиот осигурителен пазар се појавува со искуство и висока професионалност што се должи на екипираноста на менаџерскиот и стручиот тим со искусни и проверени професионалци, со примената на најновите методологии за утврдување на цените на осигурувањето базирани пред се на познавањето на ризиците, современото актуарство и методите на утврдувањето на обештетувањето.

Годишен извештај на АД Осигурителна полиса Скопје за 2017 (pdf 12 mb)
Годишен извештај на АД Осигурителна полиса Скопје за 2016 (pdf 17 mb)
Годишен извештај на АД Осигурителна полиса Скопје за 2015 (pdf 14 mb)
Годишен извештај на АД Осигурителна полиса Скопје за 2014 (pdf 15 mb)
Ревидиран ревизорски извештај за 2013 (pdf 17 mb)
Ревидиран ревизорски извештај за 2012 (pdf 17 mb)
Годишен извештај на АД Осигурителна полиса Скопје за 2012- македонски (pdf 2 mb)
Годишен извештај на АД Осигурителна полиса Скопје - македонски (pdf 2 mb)
Ревидиран ревизорски извештај за 2011 (pdf 2,79 mb)
Финансиски извештај за 2011 година (pdf 3 mb)

Одбор на директори:
1. Претседател на Одбор на директори - Виктор Влашки
2. Неизвршен член - Стеван Томовски
3. Извршен член - Владимир Тошевски

Оперативен менаџмент на друштвото:
1. Генерален директор - Владимир Тошевски
2. Директор за осигурување - Елена Цветковска
3. Директор за правни кадровски работи - Анела Дарковска
4. Финансов директор - Наташа Боцевска Линин
5. Директор за сектор на штети - Бобан Јанев
6. IT директор - Хари Јуруковска Ковачевиќ

Националната групација за осигурување АД Осигурителна полиса Скопје ги покрива сите класи на неживотно осигурување и тоа:
Осигурување од последици на несреќен случај - незгода (вклучувајќи и индустриски повреди и  професионални заболувања) во случај на смрт или нарушување на здравјето при повреда;
Здравствено осигурување;
Осигурување на моторни возила (каско);
Осигурување на шински возила (каско);
Осигурување на воздухоплови (каско);
Осигурување на пловни објекти (каско);
Осигурување на стока во превоз (карго);
Осигурување на имот од пожар и природни непогоди;
Други осигурувања на имот;
Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила;
Осигурување од одговорност од употреба на воздухоплови;
Осигурување од одговорност од употреба на пловни објекти;
Општо осигурување од одговорност;
Осигурување на финансиски загуби
Здравствено осигурување при патување и престој во странство.

Компанијата е во реална можност да обезбеди исклучително поповолни услови при осигурувањето со примена на прифатливи премиски стапки, попусти, бонуси, како и одложено плаќање на премијата и квалитетна и ефикасна услуга во областа на осигурување, процена и ликвидација на штети.




 Локации


Нашата цел е достапност на услугата во секој град, во секое населено место