Македонски  Англиски  Контакт
Здравствено осигурување
 

ПРЕВЕНТИВНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Што е Превентивно здравствено осигурување?
Превентивното здравствено осигурување е решение за Вашето здравје.
Со овој вид на осигурување Ви се достапни дополнителни здравствени услуги поврзани со надстандарден болнички третман, како што се подобра индивидуална медицинска нега во текот на болничкото лекување, како и надомест на трошоците за партиципација.

Превентивното здравствено осигурување овозможува квалитетна первентива на здравјето на осигурениците и во таа насока нуди бесплатен превентивен систематски преглед со цел континуирано следење на својата здравствена состојба, како што се:
1. интернистички преглед и ЕКГ
2. ЕХО на абдомен
3. крвна слика и седиментација
4. шеќер
5. фибриноген
6. билирубин
7. уреа
8. холестерол и триглицериди
9. липиден статус
10. протеински статус
11. уринарен статус
12. стоматолошки преглед и една пломба
13. гинеколошки преглед
14. ПАПА тест
15. ортопедски преглед
16. ортопед – рентген
17. офталмолог (диоптрија и преглед на очно дно)
18. оториноларинголог
19. невролошки преглед и ЕМГ
20. ЕЕГ
21. кардиолошки преглед
22. ЕХО на срце
23. РТГ
24. EХО на дојка
25. магнетна резонанца со контраст
26. компјутерска томографија со контраст
со што благовремено се делува на намалување на појавата на евентуални идни болести и нивните последици.

Постојат повеќе модалитети со кои нудат повеќе опции на осигурени суми и премии.
Што опфаќа ова осигурување?
трошоци за надстандардно болничко сместување и лекување
избор на доктор-специјалист
еднократен надомест за траен инвалидитет поради болест
бањско лекување и рехабилитација
лекови кои не се на позитивната листа на Фондот
ортопедски помагала кои не се признати од Фондот
гинеколошки прегледи со ПАПА тест
врвни медицински установи со најсовремена апаратура ултразвук, рентгени, скенери, магнетни резонанци
висока професионалност и стручност на медицинскиот кадар кај нашите здравствени институции

Услови за здравствено осигурување


Услужен центар
Сектор за осигурување
бул. Св. Климент Охридски бр. 26
Тел: 02/3244 630, 3244 632
Факс: 02/3244 639




 Локации


Нашата цел е достапност на услугата во секој град, во секое населено место