Македонски  Англиски  Контакт
Oсигурување од одговорност од употреба на воздухоплови
 

ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ ОД УПОТРЕБА НА ВОЗДУХОПЛОВИ

Со ова осигурување се осигурува законската одговорност на сопстверниокот односно корисникот на воздухоплов на комерцијални авиокомпании, сопственици, државни институции, аеродроме и итн., за штети што истиот може да ги предизвика на трети лица.

Како осигуреници може да се јават сопственици односно корисници на воздухоплови регистрирани во регистарот на Р. Македонија како и странски воздухоплови согласно одредбите од Законот за осигурување.

Осигурително покритие
АД Осигурителна Полиса Скопје е во обврска да му ги надомести на осигуреникот сите износи кои тој би бил должен по законските прописи да им ги плати на трети лица и патници во врска со сопственоста односно користење на воздухопловот, а по нивните оштетни барања во случај на:
смрт, повреда, нарушување на здравјето како и
уништување или оштетување на предмети на трети лица, освен од одгворност за штети на предмети што ги примил на транспорт.
Како штета што е предизвиканасо употреба на воздухоплов, се смета и штетата што на трето лице му е предизвикана со паѓање или исфрлање на предмети од воздухопловот.

Услови за осигурување од одговорност осд употреба на воздухоплови




 Локации


Нашата цел е достапност на услугата во секој град, во секое населено место