Македонски  Англиски  Контакт
Oсигурување на воздухоплови
 

КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ НА ВОЗДУХОПЛОВИ

Со ова осигурување се осигуруваат воздухопловите на комерцијални авиокомпании, државни институции, аеродроме и слично, кои осигуреникот, како сопственик односно корисник, се осигурува авио - каско со осигурително покритие “Против сите ризици” за штети и оштетувања кои ќе настанат на осигурениот воздухоплов, поради непредвидени настани за време на летање, рулање, мирување на земја или усидрување, вклучувајќи и исчезнување на воздухопловот (доколку не е пријавен во рок од 60 дена од полетувањето), за времето договорено во полисата за осигурување, но максимум до осигурената вредност.

Со овие Услови покриени се и трошоците кои биле оправдано направени за спасување и за превоз на осигурениот воздухоплов до местото на поправка до 10% од осигурената вредност на воздухопловот.
Ова осигурување се обезбедува до лимити на покритие изразени во десетици милиони евра со оглед на тоа дека нашиот програм се базира на бонитетно реосигурително покритие рангирано со (ААА) според S&P.

Услови за каско осигурување на воздухоплови




 Локации


Нашата цел е достапност на услугата во секој град, во секое населено место