Македонски  Англиски  Контакт
Oсигурување од одговорност од употреба на пловни објекти
 

УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ ОД УПОТРЕБА НА ПЛОВНИ ОБЈЕКТИ

Со осигурување на одговорноста на осигуреникот за штеи причинети на трети лица, осигурувачот се обврзува да ги надомести сите износи што осигуреникот е обврзан да ги плати за штетите направени од страна на осигурениот пловен објект непосредно или посредно и тоа до осигурената сума за:
а) штети направени на некој друг пловен објецт поради судар, удар или на некој друг начин;
б) штети направени со пристанишните уреди, навозите, гатовите, кејовите, каблите или со било кој друг прицврстен или подвижен предмет на копно или по вода;
в) штети причинети со изливање или исфрлање од пловниот објект на материи штети по околинат
г) трошоци за мерките превземени по барање на осигурувачот и неговите претставници или во спогодба со нив, поради заштита од неоправдани или претерани барања на третите лица како и трошоци на разумни мерки што осигуреникотги превзел во ист правец без согласност со осигурувачот или негови претставници, ако таквата согласност благовремено не можел да ја добие;
д) побарувања за телесни оштетувања до сумата ограничена за одговорност на бродарот.


Услови за осигурување од одговорност од употреба на пловни објекти




 Локации


Нашата цел е достапност на услугата во секој град, во секое населено место