Македонски  Англиски  Контакт
ПОШОШ НА ПАТ
 

ПОШОШ НА ПАТ

Кога тргнуваме на пат, не можеме со сигурност да ги предвидиме настаните кои следат, но можеме да се осигураме дека во случај на несреќа има кој да се погрижи за нас, нашите сопатници и нашето возило. Полисата за помош на пат од АД Осигурителна полиса e покритие за следниве осигурени ризици:

• давање информации
• поправка на лице место
• транспортот на осигуреното Моторно возило
• привремено сместување на Моторното возило
• хотелско сместување
• обезбедување на заменско рент-а-кар возило
• продолжување на патувањето
• враќање по осигуреното Моторно возило
• надомест на трошоци за телефон

Се смета дека до настанување на осигурениот случај дошло оној момент кога Моторното возило за кое што е склучено осигурување не може повеќе да се движи на технички и со прописите предвиден начин заради:

• електричен или механички дефект – под кој што се подразбира состојба на возилото во која што истото не може да се движи или не може да се движи на безбеден начин, заради откажување/дефект на механички, електричен или електронски елемент, дел или склоп, само ако возилото за кое што е склучено осигурувањето за помош на пат во моментот на настанување на електричниот или механичкиот дефект не е постаро од 8 години;
• сообраќајна незгода – под која што се подразбира судар, удар, лизгање или превртување на Моторното возило;
• незгоди во врска со употребата на Моторното возило – губење на клучеви, клучеви заклучени во возилото, недостаток на гориво или лош квалитет на истото, употреба на несоодветно гориво, издишени или продупчени пневматици и слично.


Услови за помош на пат




 Локации


Нашата цел е достапност на услугата во секој град, во секое населено место