Македонски  Англиски  Контакт
Oсигурување на домаќинство
 

ДРУГИ ОСИГУРУВАЊА НА ИМОТ

КРШЕЊЕ НА МАШИНИ
АД Осигурителна полса Скопје Ви овозможува осигурување на Вашата скапа инвестиција во: машини, електро и машински уреди, апарати, инсталации, котловски постројки, компресори, трафостаници, далноводи. Со ова осигурување се дава осигурителна заштита од оштетување или уништување на осигурените ствари од незгода во погонот, под кој се разбираат настаните што се случуваат непредвидено и одненадеж во врска со користење на осигурената ствар.



ПРОВАЛНА КРАЖБА И РАЗБОЈНИШТВО
На следните предмите на осигурување: мебел, опрема, залихи, пари, уметнички дела колекции. Загубата се надокнадува во случај на: провална кражба, разбојништво и вандализам.



КРШЕЊЕ НА СТАКЛО
Предмет на осигурување можат да бидат сите видови стакла, светлосни натписи и реклами, слики, натписи и украси изработени на осигурени стакла, мермерни плочи од вештачки камен на маси, пултови, регали и сл., порцулански мијалници, клозетски шољи, огледала на улици (за регулирање на сообраќајот), културни, историски и надгробни споменици од камен, бетон и метали.
Покрај светлосните реклами, осигурени се и нестаклените делови и рамови што се нивен составен дел.



ДОМАЌИНСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Нудиме пакет за осигурување на домовите од следниве ризици: пожар, кражба, одговорност за штети причинети спрема трети лица и нужно времено сместување во случај на остварен штетен настан.



ОСИГУРУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ ВО ГРАДБА
Предмет на осигурување по овие Услови се: градежни објекти во градба, подразбирајќи под тоа новоградба и реконструкции (поправки, доградби, надградби и сл), градежн аопрема И материал, помошните објекти опфатени во пресметковната вредност на објектот во градба.
Се покрива ризикот предизвикан од: пожар и удар на гром, експлозија, луња, град, манифестација и демонстрација, излевање на вода, мраз, лед и снег, снежна лавина, слегнување на тло, градежна незгода, неспретност, невнимание или лоша работа на работникот или на некое друго лице.



ОСИГУРУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ ВО МОНТАЖА
Предмет на осигурување се: метални конструкции со машинска и електро опрњема или без неа, машините, машинската и електро опрема, инсталации и апарати како и постољата и темелите, ако е нивната вредност содржана во вредноста на објектот во монтажа, опремата и помошните објекти опфатени во пресметковната вредност на овие објекти, градежниот дел кој се гради исклучиво за објектите во монтажа со вредност опфатена во пресметковната сума на објектот во монтажа.
Опфатени се следните ризици: пожар и удар на гром, експлозија, луња, град, манифестација и демонстрација, излевање на вода, мраз, лед и снег, снежна лавина, слегнување на тло, градежна незгода, неспретност, невнимание или лоша работа на работникот или на некое друго лице.



ОСИГУРУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ СМЕТАЧИ И ПРОЦЕСОРИ
За осигурување на електронски сметачи, процесори и компјутери нудиме повеќе пакети осигурувања од следниве ризици:
Пакет осигурување од пожар, кражба и кршење (расипување)
Пакет осигурување од пожар и кражба
Осигурување на преносни компјутери



ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОСЕВИ И ПЛОДОВИ
Ова осигурување опфаќа осигурување на посеви (вклучувајќи пострни, подпосеви и меѓупосеви), плодови, ливадски треви, лековити билки, украсни билки и овоштарници и лозја, млади овоштарници и лозја пред стапување во род, овошен лозов и шумски посадочен материјал, млади шумски култури до наполнети 6 години, врби за плетарство и трски.



ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ)
АД Осигурителна полиса е во обврска да плати надоместок од осигурување за штетите предизвикани со оштетување или уништување на осигурените посеви и плодови од основните опасности град, пожар и гром, додека посевите, односно плодовите се неожнеани односно необрани.
Осигурувачот е во обврска да плати надоместок од осигурување за штетите само за загуба на количински принос, а не и во квалитет, освен кај: конопот и ленот за влакно, сиракот за метла, овошен, лозов и шумски посадочен материал, посеви и плодови за производство на семе, овошје и слично.
Со осигурување не се опфатени штети кои ке настанат како последица на:
1. Војна, инвазија, дејства на странски непријатели, непријателски или воени операции (без оглед дали војна е објавена или не), граѓанска војна, побуна, револуција,востание,граѓански немири, имајки го во предвид учеството во или големината на востанието, воена или узурпаторска сила; или
2. а) биолошка или хемиска контаминација;
б) проектили, бомби, гранати, експлозивни средства; поради секое дејство на тероризам



СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Посевите и плодовите се осигурени на износот што го одредува осигуреникот (сума на осигурување), но најмногу до висина на очекуваната вистинска вредност во соодветната година, ако поинаку не е договорено.
Како основ за пресметување на вредноста на посевите односно плодот се зема висината на очекуваниот принос и слободната пазарна цена која се очекува да биде во соодветната година по жетвата, односно бербата, гарантираната цена ако така се договори, или цената договорена со организаторот на производството.



ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ
Предмет на осигурување кај ова осигурување можат да бидат здрави домашни животни и тоа:
1. Копитари (коњи, маски, мули и магариња) со старост од 4 месеци до наполнети 12 години, односно 15 година доколку во осигурување кај осигурувачот се непрекинато од 9 годишна старост.
2. Говеда и биволи со старост од 2 месеци до наполнети 8 години, односно 10 години, доколку во осигурување кај осигурувачот се непрекинато од 5 годишна старост. Говеда во тов до наполнети 3 години старост.
3. Овци и кози со старост од 3 месеци до наполнети 6 години.
4. Свињи со старост од 2 месеци. до наполнети 4 години.
Како предмет на осигурување може да бидат и други видови животни кои може да се осигураат според Посебни услови.
Во осигурување не може да се примат:
1. Животни кои се болни или сомнителни на некоја болест;
2. Истоштени, закржлавени и слепи животни и животни во лоша кондиција;
3. Животни што се држат во лоши зоохигиенски услови.



ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ) ОПФАТЕНИ СО ОСИГУРУВАЊЕ
1. Пцовисување на осигуреното животно поради болест или несреќен случај.
2. Принудно колење на осигуреното животно кога поради болест или несреќен случај, го застрашува непосредна опасност од пцовисување, па колењето се врши со цел за искористување, односно намалување на штетата (принудно колење поради опасност по живот).
3. Принудно колење или принудно убивање на осигуреното животно, кога поради болест или несреќен случај не го застрашува непосредна опасност од пцовисување, но станало неупотребливо за која и да е цел, и нема изгледи таа состојба да се измени со лекување (присилно колење од економски причини).
4. Трошоци за здравствена заштита, ако е посебно договорено.
5. Кастрација и овариотомија и
6. Други ризици.
7. Како несреќен случај се смета секој ненадеен и од волјата на осигуреникот, независен настан кој делува од надвор на осигурените животни и има за последица заболување, лекување, принудно колење, принудно отепување или пцовисување, а наведен е како: пожар, удар на гром, експлозија, поплава, луња, лизгање и одронување на терен, паѓање на воздушни летала од сите видови, газење со разни возила, удар на некои предмети, паѓање, слизнување и слични надворешни повреди, давење во вода, повреди од диви зверови, каснување од змија или убод од пчела., дејство на електрична струја и слично.



ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ) КОИ НЕ СЕ ОПФАТЕНИ СО ОСИГУРУВАЊЕ
Со осигурување не се опфатени опасности (ризици) и штети кои ке настанат: поради болест на осигуреното животно, пцовисување, заболување, поради приплодна неспособност (јаловост) на животното, оради земјотрес, нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација



СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Животните се осигуруваат на вредност која ке се договори со договорувач.
Таа вредност, по правило, не може да биде поголема од вистинската вредност на животното во времето на склучување на договорот за осигурување, ниту поголема или помала од вредноста за осигурување која ја определил осигурувачот за односниот вид и категорија на животни.
Млади животни и животни при гоење можат да се осигуруваат на вредност што ке ја постигнат на крајот на траењето на осигурувањето, односно на крајот на гоењето.
По правило, сумата на осигурување се утврдува за секое животно пооделно. Сумата на осигурувањето не може да служи како доказ за вистинската (пазарната) вредност на животното.

Услови за осигурување на друг имот




 Локации


Нашата цел е достапност на услугата во секој град, во секое населено место