Македонски  Англиски  Контакт
Новости и акции од А.Д. Осигурителна Полиса
 

НОВО !!! АКЦИЈА ПОПУСТИ
22.06.2009

Почитувани граѓани,

Вашиот имот и имотот на Вашите најблиски е обезбеден кога е осигурен.

Ризиците кои го загрозуваат имотот (подвижен и неподвижен) се присутни секогаш и секаде. Сопствениците тешко може сами да ги надоместат штетите што евентуално можат да се претрпат, осебно кога тие се големи. Со осигурувањето, според начелата за взаемност и дисперзија на ризикот во време и простор, тие лесно се надоместуваат.

Постојано е присутна можноста да пукне водоводна цевка или да се развие пламен од електрична инсталација со што се причинува оштетување или уништување на станот односно куќата во која живееат сопствениците, како и на стварите кои ги поседуваат, а тие најчесто не можат сами да ги обноват.

Непредвидените штети ги погодуваат домаќинствата, а последиците се тешки и во голем број случаи ненадоместливи.

Само со перманентното осигурување може да се елиминира опасноста од ризиците.

Совесниот сопственик редовно ги осигурува својот стан, куќа и останат имот, возило и тоа најчесто му го препушта на агент за осигурување од нашата компанија, кој чесно и со умеење ќе му склучи најповолно осигурување за него и неговиот имот.

На тој начин, со најмал можен трошок на нашиот осигуреник ќе му го осигураме имотот од максимално можни штети.

Заради создадените економски состојби и потребата на сите граѓани пред се да го зачуваат тешко стекнатиот имот, нашата осигурителна компанија одлучи да понуди квалитетно осигурително покритие по исклучително поволни услови за осигурување на Вашиот стан, куќа и ствари со пакетот за домаќинско осигурување или каско осигурување на Вашето возило. За таа цел, за пакет осигурувања и тоа: осигурување на возилата од автоодговорност, домаќинско осигурување и каско осигурување на возилата, се намалува премијата и се овозможуваат дополнителни попусти кај домаќинското и каско осигурувањето. Сите граѓани кои склучиле осигурување од автоодговорнст во нашата осигурутелна компанија можат да користат поповолни услови за домаќинско осигурување како што следува:

  • Премијата за домаќинско осигурување на станбени објекти кои користат течни и тврди горива за затоплување се намалува за  5%.
  • Премијата за домаќинско осигурување на стамбени објекти кои користат електрична енергија за затоплување се намалува за 13%
  • Премијата за домаќинско осигурување на стамбени објекти кои користат парно греење за затоплување се намалува за 33%.

Сите граѓани кои склучиле осигурување на возилото од автоодговорност и домаќинско осигурување, за каско осигурување на нивните возила се стекнуваат со право на дополнителен попуст од 20%, покрај веќе редовните попусти.

Овие поволности при склучувањето на доброволните видови на осигурување (домаќинско и каско осигурување) во пакет со задолжителното осигурување од автоодговорност на Вашето возило важат до 31.12.2009 год.

1) Премија за осигурување од Автоодговорност на патнички возила:

Сила на мотор (КВ) Премија Кршење на стакло
До 22 3.414 1.700
Преку 22 – 33 4.077 1.900
Преку 33 – 44 4.739 2.300
Преку 44 – 55 5.453 2.700
Преку 55 – 66 6.166 3.900
Преку 66 – 84 7.134 4.900
Преку 84 –110 8.510 5.900
Преку 110 10.294 6.900

Бонус (Попуст):

  • 5% Бонус годишно за немање на штета по претходна полиса

2) Премија за домаќинско осигурување на станбен објект со П=70 м2:


Тип на греење
Премија без попуст Попуст Премија со попуст
Течни и тврди горива 2.614 5% 2.483
Електрична енергија 2.614 13% 2.274
Парно греење 2.614 33% 1.751

Дополнителни редовни попусти:

  • 5% Попуст за секое обновено осигурување;
  • 5% Попуст годишно за немање штети по претходна полиса;
  • 5% Попуст за блиндирана врата.

3) Премија за каско осигурување на патничко моторно возило со вредност од 13.000 Евра, со вклучен ризик кражба во сите Европски земји со франшиза од 500 Евра:

  • Без дополнителен попуст од 20%                          14.071 денари;
  • Со дополнителен попуст од 20%                           11.257 денари.

Редовни попусти:

  • 10% Попуст годишно за немање на штета по претходна полиса;
  • 5% Попуст за сопственици на возила кои се родители на едно малолетно дете;
  • 10% Попуст за сопственици на возила кои се родители на две и повеќе малолетни деца;
  • 10% Попуст за возила постари од 6 години.

 



 Локации


Нашата цел е достапност на услугата во секој град, во секое населено место