Македонски  Англиски  Контакт
Новости и акции од А.Д. Осигурителна Полиса
 

НОВО !!! ИЗДАВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
05.03.2013



Во согласност со новиот Закон за доброволно здравствено осигурување, АД Осигурителна полиса нуди можност за осигурување на Вашето ЗДРАВЈЕ:

  1. Дополнително здравствено осигурување
  2. Со дополнителното здравствено осигурување се овозможува покритие на учеството на осигуреникот (партиципација) во трошоците за користење на здравствени услуги, болничко лекување, лекови, протези, ортопедски и други помагала и санитетски средства по основ на задолжителното здравствено осигурување.

    Осигуреник по овие Услови може да биде лице кое има утврден статус на осигурено лице во Фондот за здравствено осигурување на РМ.

     Со овој пакет добивате и можност за повеќе бесплатни превентивни прегледи: општ лекарски преглед, ЕКГ, ултразвук на абдомен, целосна крвна слика, стоматолошки преглед, интернистички преглед, ЕХО кардиографија и дополнително за жени: гинеколошки преглед, колпоскопски преглед и ПАПА тест.

  3. Приватно здравствено осигурување

    Со приватното здравствено осигурување се обезбедува надомест на трошоците за:

      • здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување,
      • повисок стандард на здравствените услуги кои произлегуваат од задолжителното здравствено осигурување,
      • трошоците за покривање на здравствените услуги користени во дополнителната дејност,
      • користење на здравствените услуги во здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи во кои се врши здравствената дејност,
      • трошоци за лекови за време на болничко лекување,
      • ортопедски и други помагала изработени од надстандарден материјал,
      • болничко-бањско лекување,
      • еднократен паричен надомест за инвалидитет поради болест.

    Приватното здравствено осигурување може да се договори со осигуреници кои имаат статус на осигурени лица во Фондот за здравствено осигурување на РМ по основ на задолжителното здравствено осигурување.

    Со пакетите на приватното здравствено осигурување добивате и можност за повеќе бесплатни превентивни прегледи: општ лекарски преглед, ЕКГ, ултразвук на абдомен, целосна крвна слика, стоматолошки преглед, интернистички преглед, ЕХО кардиографија, кардиолошки преглед, ортопедски преглед, ортопедски рентген, очен преглед, преглед на уво, нос и грло, невролошки преглед, ЕМГ, ЕЕГ, РТГ снимање на коскен систем, магнетна резонанца, компјутерска томографија и дополнително за жени: гинеколошки преглед, колпоскопски преглед, ПАПА тест и ЕХО на дојка.


 

 Локации


Нашата цел е достапност на услугата во секој град, во секое населено место