Македонски  Англиски  Контакт
Новости и акции од А.Д. Осигурителна Полиса
 

НОВИ ДВА ВИДА НА ОСИГУРУВАЊЕ
01.06.2009

 
  • Осигурување од лекарска грешка
  • Осигурување во продолжена гаранцијa


ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА

 Со продолжената гаранција се надоместуваат трошоците на поправката и/или замената на неисправни делови на осигуреното моторно возило.

Продолжената гаранција се дава за функционална исправност на сите механички и електрични/електронски компоненти на осигуреното возило (со одредени исклучувања наведени во Условите за осигурување).

Продолжената гаранција може да се договори само за возила со македонски таблички и тоа за лични, теренски, доставни и комби возила со вкупно дозволена маса до 3.5 тона.

 Гаранцијата се дава за правилно функционирање на следните делови:

    1. 1)       мотор
    2. 2)       Менувач
    3. 3)       Погонски осовини
    4. 4)       Пренос на сила
    5. 5)       Управувач
    6. 6)       Кочници
    7. 7)       Систем на довод на гориво
    8. 8)       Систем за климатизација
    9. 9)       Систем за ладење
    10. 10)   Електрика и електроника

 

ЛЕКАРСКА ГРЕШКА

Предмет на осигурување според овие Посебни Услови се штетите кои произлегуваат од било која телесна повреда, ментална пореда, болест, заболување или смрт на било кој пациент причинети со било кој медицински, забарски или парамедицински акт, по грешка или пропуст од страна на осигуреникот при или во врска со обавувањето на дејноста на осигуреникот наведена во полисата.


 Локации


Нашата цел е достапност на услугата во секој град, во секое населено место