Почитувани,

Повеќе недели внимателно го следиме развојот на пандемијата COVID-19. Актуелните настани нé потсетуваат што е најважно: здравјето и сигурноста. Ова посебно важи за А.Д. Осигурителна полиса како Ваш партнер. Нашите продукти се гарант за Вашата сигурност и во овој исклучително тежок и неизвесен период низ кој поминува нашата земја и целиот свет.

Посебно ни е важно и здравјето на нашите клиенти, нашите соработници и нивните фамилии. Со цел да го намалиме ризикот од ширење на вирусот, преземавме низа мерки како што се работа од дома на дел од нашите вработени, формирање на тимови, кои се на безбедно место и во состојба, по потреба да се активираат.

Секако и во овие – до скоро незамисливи – услови ние остануваме крајно посветени на нашите клиенти за регулирање на штети. Ви благодариме за Вашето разбирање дека во овие отежнати услови обработката на Вашите предмети можеби ќе бара нешто повеќе време од тоа што до скоро беше вообичаено. Ве уверуваме дека и во оваа вонредна ситуација нема да има опаѓање на квалитетот на нашите услуги.

Ви посакуваме на Вас, Вашите фамилии и пријатели многу здравје во идните недели. Останете здрави и чувајте се.


Со оглед на настанатата ситуација со коронавирусот (COVID-19), Ве известуваме за следното:

  1. За Ваша и наша сигурност, Ве молиме да го сведете на минимум физичкиот контактот со нашите вработени во Дирекција
  2. Ве молиме користете ги нашите услуги и обрасци по електронски пат

 

ЗА СКЛУЧУВАЊЕ/ОБНОВА НА ОСИГУРУВАЊЕ

Нарачајте ја Вашата полиса на телефон, на е-маил или online и ќе ве контактираме во најкус можен рок за да ви ја предадеме истата.

Телефон: 02/32 44 632, 02/32 44 624, 02/32 44 634

е-маил: osiguruvanje@ospol.mk
Купи полиса online

 

ЗА ПРИЈАВА НА ШТЕТА

Пријавите штета по електронски пат. Преземете и пополнете ги формуларите за пријава на штета и прилози доставете ги на Е-маил или по пошта. Нашите вработени ќе Ве исконтактираат за обработка на пријавата и за комплетирање на потребната документација. Само претходно пополнети формулари за пријава на штета и прилози може да се предадат по закажан термин во Дирекција и во нашите експозитури.

Телефон: 02/32 44 619

е-маил: salter@ospol.mk
http://ospol.mk/Steti.html

 

ЗА ДРУГО И ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Телефон: 02/32 44 600, 02/32 44 638

е-маил: info@ospol.mk

 

Уплата на премија по издадени полиси за осигурување можете да извршите on-line преку следниот линк на нашата веб-страна: http://ospol.mk/PlatiOnline.html

или електронски во Вашата банка со назнака на бројот на полисата/фактурата.

Е-маил адресите и телефонските броеви на нашите служби се наведени и на нашата веб страна

http://ospol.mk

 

Доколку, сепак имате неодложна потреба за влез во Дирекцијата на Друштвото, Ве молиме:

  • Пристап во Дирекција е можен само по претходно закажан термин. Јавете се на погоре наведените телефони или контактирајте не по e-mail, за да закажете термин со соодветниот сектор
  • Кога ќе бидете пред влезот на Дирекција на Друштвото, Ве молиме повторно телефонски да контактирате со нашиот вработен, кој ја договорил средбата со Вас.
  • Влез во просториите на Друштвото е можен само доколку носите своја заштитна маска и ракавици. Бројот на клиенти, кои истовремено се опслужуваат во зградата е лимитиран.
  • Не се ракувајте, држете се на препорачано растојание од минимум 1,5 метри едни од други. Користете средства за дезинфекција на рацете (поставено за користење при влез во објектот).  
  • Штети се пријавуваат исклучиво онлајн (http://ospol.mk/Steti.html) или доколку закажете термин на телефон (02) 3244 600.

 

АД Осигурителна полиса Скопје